
Христијан Мицкоски
@MickoskiHM • 12,204 subscribers
https://t.co/u4F3kRve5D https://t.co/svr2LwHcp6
Videos

Јавно го прашувам Димитар Апасиев дали му е познат објектот во центарот на Скопје, каде што Левица на 26 ноември 2024 година купила деловен простор од 409 м² по 721 €/м², што е далеку под реалната вредност. Град Скопје ја проценил недвижноста повисоко, а пресметаниот данок изнесува 739.285 денари. Го повикувам обвинителството да истражи дали има кривично дело. Се поставува и прашањето дали Левица ќе учествува на јавното наддавање за Соравиа, вредно 22,4 милиони евра. Со криминалот нема компромис, сите одговорни мора да одговараат!
Христијан Мицкоски29,030 views • 1 year ago

Влегов во политиката да променам нешто. Наидов на систем длабоко корумпиран кој е создаван и негуван со децении, чии дел се лица од сите партии од секакви профили. Тој систем ако не се сруши, оваа држава нема никогаш да ја биде. И тој систем не може да се сруши лесно и брзо затоа што е граден со децении, не со месеци и години. Во чело го удривме системот и ќе продолжиме да се бориме со овој корумпиран систем, ќе бидете тука, ќе гледате, ќе закопаме секаде. Нема да има никој да биде спасен, ниту амнестиран.
Христијан Мицкоски27,820 views • 1 year ago

Се обраќам до гласачите кои сакаат да поддржат друга помала партија, во тој политички спектар има секакви, има и лукративни и богати, елити скриени во руво на левичари кои глумат чесни испосници, а ниту се чесни, ниту се испосници. Тие сакаат да ве излажат и измамат, немојте залудно да го фрлате вашиот глас на луѓе кои ќе ја изневерат со сигурност вашата доверба. Ве замолувам како ваш сосед, пријател, сограѓанин, излезете на овие избори со надеж, оптимизам и непоколеблива волја и бидете силата на промените и иднината. Направете го вистинскиот избор, на 19 октомври заокружете го бројот 9️⃣ Гласајте за ВМРО-ДПМНЕ, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!
Христијан Мицкоски16,667 views • 10 months ago

Не можеме да молчиме пред случаи како оној во Тетово, каде животот на 22-годишната Теодора Ристевска беше одземен, а казната што ја доби сторителот беше понижувачка. Тоа не е правда. Тоа е системско потфрлање. И како премиер, како човек и како татко, јавно барам преоценување на оваа одлука!
Христијан Мицкоски20,446 views • 1 year ago

За нас е историски овој настан како држава затоа што, само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство. Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство, договор кој што ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството и така натаму. Деновите кои што следат ќе бидат објавени сите детали.
Христијан Мицкоски18,681 views • 1 year ago

Имав обраќање од Салцбург на Европскиот самит посветен на Европската Унија и реформите на овој пат. Потенцирав дека во спорот со источниот сосед бараме конструктивно и прифатливо решение за сите, без уцени и условувања. Истакнав дека државата е блокирана од еден нерационален и билатерален спор, посочувајќи дека премногу долго интеграцискиот процес трае за државата обременет со многу детали кои влијаат за зголемување на фрустрациите и незадоволството од водењето на целиот процес. Ние како Влада сме посветени на изнаоѓање на решение и активен дијалог.
Христијан Мицкоски21,634 views • 1 year ago

Нема да има милост. Кој сака нека биде, од каква сака нека биде етничка припадност и од која сака нека биде политичка партија. Тоа што се случувало е повеќе од криминал, ова е масовно убиство кое што некој го дозволувал за пари, за мито, за корупција да се случи. Да им одговорам на оние што прават полноќни прес- конференции, тука нема политика, ќе одговарате сите коишто сте се дрзнале на овој начин да водите политика, на грбот на граѓаните и на животите коишто овие деца ги изгубија. И нема да има милост, од дома ќе ги вадиме!
Христијан Мицкоски15,413 views • 1 year ago

Македонија заслужува праведен и извесен пат кон ЕУ! Нашата држава плати висока цена за членството во НАТО, но и денес се соочуваме со двојни стандарди. Ако се бориме за принципи, зошто молк кога се негира македонскиот идентитет и јазик? Македонија нема да прифаќа нови понижувања, нашата иднина е во ЕУ, но со почит и достоинство!
Христијан Мицкоски15,050 views • 1 year ago

Јован Костадинов, херојот кој покажа што значи човечност!
Христијан Мицкоски14,323 views • 1 year ago

Драги пријатели, почитувани сограѓани, патот по кој чекориме заедно со министерот за транспорт, Aleksandar Nikoloski е новиот експресен пат Чатал - Длабочица - Крива Паланка во должина од 25,5 км, кој е голем чекор напред за нашата инфраструктура и економија. Со вакви проекти Македонија ќе го зајакне своето место на Балканот како важен транспортен коридор. Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура. Ветивме и исполнуваме! Македонија со секој ден станува сѐ повеќе ваша и се враќа на народот. Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да го правиме, работа и резултати!
Христијан Мицкоски10,536 views • 1 year ago
No more content to load