Video wird geladen...

Video konnte nicht geladen werden

Zur Startseite

Вознемирувачка снимка на која се гледаат млади лица како пукаат со огнено оружје се шири на социјалните мрежи и предизвикува реакции во јавноста. Видеото го објави адвокатот Умејр Мухамеди, кој наведе дека снимката е од Гостивар и предупреди на опасноста од ваквото однесување.

43,520 Aufrufe • vor 22 Tagen •via X (Twitter)

0 Kommentare

Keine Kommentare verfügbar

Kommentare vom Original-Post werden hier angezeigt

Ähnliche Videos

Народот заслужува одговори - ДПМНЕ му сервира пцости и насилство. Прес-конференција на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, во врска со денешната ескалација која ја предизвикаа пратениците од ДПМНЕ, а со цел владините функционери да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица на денешната седница за пратенички прашања: Втори пратенички прашања по ред ,ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници. Првата седница за пратенички прашања ја ескалираше нивниот вожд, премиерот Христијан Мицкоски, а втората ја ескалираа неговите партиски потрчковци. Потполно малограѓански, насилнички и дерегулирано, во својство на растроени луѓе – пратениците на ДПМНЕ, постојано, вон сите норми на парламентарството, сите норми на нормалното комуницирање и вон сите норми кои се однесуваат на политичката дискусија помеѓу партиите во ова Собрание, се користат со најодвратни механизми за провокација и навредување. Анонимниот пратник Зоранчо Јованчев кој се нема појавено на собраниската говорница, денеска го опцу претседателот на Левица, Димитар Апасиев, спомнувајќи го неговото семејство. А, интересно е за јавноста, бидејќи ни јавноста не го знае овој пратеник, како што и ние колегите не го знаеме – Зоранчо Јованчев има две кривични пријави. Една за дивоградба во Лозово, а другата е за крадење на вода, за приклучок. Значи, се работи за дерегулирани луѓе кои во Собранието гледаат простор, не за политичка дискусија, туку за малограѓански сценарија. Така беше и со пратеникот Александар Велјановски кој заедно во комбинација со првоспоменатиот пратник, пробаа насилнички да извадат сцена со која ќе избегнат одговори на прашањата на Левица. Нашата порака е дека не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ниту сега. Ние сме шесторица, тие се педесет и осум. Нека бидат уште сто и педесет – не се плашиме од бизнисмените на Мицкоски и неговите партиски потрчковци. Затоа што на секој насилнички одговор, ние ќе одговориме пожустро.

Левица

10,912 Aufrufe • vor 1 Jahr

СВЕ ЗА ЉУБАВ! ПА И ЌУТЕК! Добив видео снимка од вчерашната масовна тепачка пред ПС Кочани! До денес напладне оваа тепачка воопшто не е заведена во дневникот на дневни настани! Еве што ми пишува полициски службеник од Кочани: ,,Тепачката од вчера (15 август) пред полицијата во Кочани се крие од јавноста – хаосот настанал поради љубовни проблеми. Од оваа тепачка се гледа дека безбедноста во Кочани за која најдоговорен е началникот Тоше е под нулата! Голем скандал ја тресе кочанската јавност по бруталната масовна тепачка која се случи вчера, на 15.08.2026 година, буквално на прагот на полициската станица во Кочани! Иако инцидентот е снимен на видео и веќе масовно се споделува меѓу граѓаните, очигледно е дека случајот свесно се крие од јавноста и за него нема ниту збор во официјалните билтени. Што се обидува да сокрие кочанската полиција? Според добро упатени извори, причината за овој невиден уличен хаос меѓу групата од Кочани и насилниците дојдени од струмичкото село Баница биле нерасчистени љубовни проблеми. Наместо цивилизирано решавање, решиле да ја демонстрираат својата сила и да се пресметаат со тупаници среде бел ден, и тоа ни помалку ни повеќе – пред очите на чуварите на законот. Овој настан е директен доказ дека безбедносната состојба во градот, под раководство на началникот Тоше, е падната ПОД НУЛАТА! Срамота и невиден резил е насилници да си ги мерат силите пред станицата, покажувајќи дека воопшто не се плашат ниту од државата, ниту од униформата. Кога насилници имаат храброст да се тепаат пред полиција и притоа безмилосно да удрат и повредат полициска службеничка, јасно е дека контролата е целосно изгубена. Кочанчани со право се загрижени и прашуваат: Ако криминалците и насилниците не ја почитуваат полицијата во нејзиниот двор, како началникот Тоше планира да го заштити обичниот народ по улиците? Време е за одговорност и итни смени пред градот целосно да потоне во беззаконие! Случајот не смее да остане скриен како ѓубре под тепих!,,

Burevesnik

12,975 Aufrufe • vor 7 Tagen

КАКО ИЗГЛЕДА КОГА ПОЛИЦИЈАТА Е НЕМОЌНА!!! Вака: ,,...почитуван Божиновски, јас сум дебарчанец, од безбедносни причини поради мојава работа не сакам да се знае во јавноста мојот идентитет. Тука се работи за селективно делување во П.С. Дебар, каде што сум вработен. Сакам преку Буревесник да ја известам јавноста за случај во кој ние бевме НЕМОЌНИ! Лицето Флориан Алајбегу, шеф на организиран криминал во ПС Дебар, за скромна сума пари го крие ова пукање! Ако се дознае во јавноста следново, најверојатно ќе биде разфрешен или унапреден. Трето нема. Завчера во Вила Пилку во Дебар имаше пукање како на филмовите! Споменатиот Флориан го крие случајот, иако беше пријавено од многу дебарчани. Лицата кои пукаат на снимката се од фамилија ПИЛКУ, Блерон Пилку е екс робијаш. Тој ја организира оваа свадба на која се пука. Нека гледа министерот Тошковски, па ако смее нека реагира или нека го земе шефот од ПС Дебар во Скопје во централа! (авторот е вработен во ПС Дебар)

Burevesnik

18,031 Aufrufe • vor 1 Jahr

Апасиев до Мицкоски: Се надевам не сте поднапиен! - Контрареплика на пратеникот и претседател на #Левица, Димитар АПАСИЕВ, кон премиерот Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања: „Вашата фрустрација од тоа што сте татино синче и асистенче, што Ве буткале цел живот, си ја извадивте на говорница. Се надевав дека ќе го задржите нивото, но гледам дека сакате, ад хоминем. Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите како Вас. Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да Ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто чини колку станот во којшто јас живеам? И дали е вистина дека планирате Вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД на Фармацевтскиот факултет? Како успеавте со ваков “вичен и правичен” адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам Вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму… и сега ќе ни кажувате - Одел Апасиев на одмор во Халкидики. Да! Оди. Оти е средна класа. Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе! Апасиев живее од професорска плата. Ништо не одговоривте. Педантно и хирушки прецизно вашата квази-патриотска, бугарофилска партија го брише името Македонија - без обврска од Преспанскиот договор!” #НеподмитливитеВоСобранието #ЛевицаОдПарламент

Левица

16,443 Aufrufe • vor 1 Jahr

Тражим од ФМУП-а и министра Раме Исака да одмах реагују, идентификују и процесуирају лица која су запалила заставу Републике Српске, уз повике 'Алаху екбер' и 'Текбир'. Овакви изливи мржње, ширење страха и ратнохушкачких порука су апсолутно неприхватљиви и морају бити санкционисани у складу са законом. Од бошњачких политичких партија, такође очекујем да јасно осуде ово дивљаштво, ширење међунационалне мржње и пријетећих порука јер паљење заставе Републике Српске јесте најстрашнија порука и пријетња. Забрињава да је инцидент у Зеници други по реду који се синоћ десио у ФБиХ. Први се десио у Коњицу гдје су се хулигани окупили испред православне цркве и тражили скидање заставе. На свим вјерским објектима, одувијек, а посебно у вријеме празника, истичу се националне и вјерске заставе. Захтијевати да се са цркве скине национална застава нарушавање је, уставом загарантованих, вјерских слобода и конститутивности српског народа у Федерацији, што је кривично дјело прописано Кривичним законима, те од министра Раме Исака очекујем ефикасну реакцију и у овом случају. Овакви догађаји, којима се шири мађунационална мржња, посебно изазивају нелагодност код повратничке популације и зато захтијевају хитну реакцију полиције како би се јасно показало да су насиље и мржња недопустиви. На крају, очекујем и од међународне заједнице и амбасада да реагују на инциденте у Зеници и Коњицу.

Ненад Нешић

63,408 Aufrufe • vor 2 Jahren