Loading video...

Video Failed to Load

Go Home

Малото девојче кое денес замина од нашиот свет....со нејзината мајка... Министерства, центри, полиција – вие ги убивте со вашата неработа и корупција. Додека вие земате плати, деца умираат. Срам да ви е. Оваа крв е и на ваши раце.

13,948 views • 6 months ago •via X (Twitter)

0 Comments

No comments available

Comments from the original post will appear here

Related Videos

СВЕ ЗА ЉУБАВ! ПА И ЌУТЕК! Добив видео снимка од вчерашната масовна тепачка пред ПС Кочани! До денес напладне оваа тепачка воопшто не е заведена во дневникот на дневни настани! Еве што ми пишува полициски службеник од Кочани: ,,Тепачката од вчера (15 август) пред полицијата во Кочани се крие од јавноста – хаосот настанал поради љубовни проблеми. Од оваа тепачка се гледа дека безбедноста во Кочани за која најдоговорен е началникот Тоше е под нулата! Голем скандал ја тресе кочанската јавност по бруталната масовна тепачка која се случи вчера, на 15.08.2026 година, буквално на прагот на полициската станица во Кочани! Иако инцидентот е снимен на видео и веќе масовно се споделува меѓу граѓаните, очигледно е дека случајот свесно се крие од јавноста и за него нема ниту збор во официјалните билтени. Што се обидува да сокрие кочанската полиција? Според добро упатени извори, причината за овој невиден уличен хаос меѓу групата од Кочани и насилниците дојдени од струмичкото село Баница биле нерасчистени љубовни проблеми. Наместо цивилизирано решавање, решиле да ја демонстрираат својата сила и да се пресметаат со тупаници среде бел ден, и тоа ни помалку ни повеќе – пред очите на чуварите на законот. Овој настан е директен доказ дека безбедносната состојба во градот, под раководство на началникот Тоше, е падната ПОД НУЛАТА! Срамота и невиден резил е насилници да си ги мерат силите пред станицата, покажувајќи дека воопшто не се плашат ниту од државата, ниту од униформата. Кога насилници имаат храброст да се тепаат пред полиција и притоа безмилосно да удрат и повредат полициска службеничка, јасно е дека контролата е целосно изгубена. Кочанчани со право се загрижени и прашуваат: Ако криминалците и насилниците не ја почитуваат полицијата во нејзиниот двор, како началникот Тоше планира да го заштити обичниот народ по улиците? Време е за одговорност и итни смени пред градот целосно да потоне во беззаконие! Случајот не смее да остане скриен како ѓубре под тепих!,,

Burevesnik

13,203 views • 1 month ago

Апасиев до Мицкоски: Се надевам не сте поднапиен! - Контрареплика на пратеникот и претседател на #Левица, Димитар АПАСИЕВ, кон премиерот Мицкоски, на денешната седница за пратенички прашања: „Вашата фрустрација од тоа што сте татино синче и асистенче, што Ве буткале цел живот, си ја извадивте на говорница. Се надевав дека ќе го задржите нивото, но гледам дека сакате, ад хоминем. Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите како Вас. Кога веќе сакавте кукавички да си ја извадите вашата фрустрација, се надевам не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да Ве прашам: Како со обична професорска плата стигнавте до саат од 60 илјади евра, којшто чини колку станот во којшто јас живеам? И дали е вистина дека планирате Вашата сестра да ја вработите како доцентка на УГД на Фармацевтскиот факултет? Како успеавте со ваков “вичен и правичен” адвокат до Вас да го изгубите спорот со Левица? Јас ја разбирам Вашата фрустрација од тоа што не можете како за СДС, да извадите и за нас дека сме имале фирми во Сингапур, ваму, таму… и сега ќе ни кажувате - Одел Апасиев на одмор во Халкидики. Да! Оди. Оти е средна класа. Апасиев не живее од хидроцентрали како тебе! Апасиев живее од професорска плата. Ништо не одговоривте. Педантно и хирушки прецизно вашата квази-патриотска, бугарофилска партија го брише името Македонија - без обврска од Преспанскиот договор!” #НеподмитливитеВоСобранието #ЛевицаОдПарламент

Левица

16,451 views • 1 year ago