Загрузка видео...

Не удалось загрузить видео

На главную

Секој збор му е на место. Која самоуверена кучка…💜

102,219 просмотров • 6 месяцев назад •via X (Twitter)

Комментарии: 0

Нет доступных комментариев

Здесь появятся комментарии из оригинального поста

Похожие видео

СВЕ ЗА ЉУБАВ! ПА И ЌУТЕК! Добив видео снимка од вчерашната масовна тепачка пред ПС Кочани! До денес напладне оваа тепачка воопшто не е заведена во дневникот на дневни настани! Еве што ми пишува полициски службеник од Кочани: ,,Тепачката од вчера (15 август) пред полицијата во Кочани се крие од јавноста – хаосот настанал поради љубовни проблеми. Од оваа тепачка се гледа дека безбедноста во Кочани за која најдоговорен е началникот Тоше е под нулата! Голем скандал ја тресе кочанската јавност по бруталната масовна тепачка која се случи вчера, на 15.08.2026 година, буквално на прагот на полициската станица во Кочани! Иако инцидентот е снимен на видео и веќе масовно се споделува меѓу граѓаните, очигледно е дека случајот свесно се крие од јавноста и за него нема ниту збор во официјалните билтени. Што се обидува да сокрие кочанската полиција? Според добро упатени извори, причината за овој невиден уличен хаос меѓу групата од Кочани и насилниците дојдени од струмичкото село Баница биле нерасчистени љубовни проблеми. Наместо цивилизирано решавање, решиле да ја демонстрираат својата сила и да се пресметаат со тупаници среде бел ден, и тоа ни помалку ни повеќе – пред очите на чуварите на законот. Овој настан е директен доказ дека безбедносната состојба во градот, под раководство на началникот Тоше, е падната ПОД НУЛАТА! Срамота и невиден резил е насилници да си ги мерат силите пред станицата, покажувајќи дека воопшто не се плашат ниту од државата, ниту од униформата. Кога насилници имаат храброст да се тепаат пред полиција и притоа безмилосно да удрат и повредат полициска службеничка, јасно е дека контролата е целосно изгубена. Кочанчани со право се загрижени и прашуваат: Ако криминалците и насилниците не ја почитуваат полицијата во нејзиниот двор, како началникот Тоше планира да го заштити обичниот народ по улиците? Време е за одговорност и итни смени пред градот целосно да потоне во беззаконие! Случајот не смее да остане скриен како ѓубре под тепих!,,

Burevesnik

12,975 просмотров • 6 дней назад

Народот заслужува одговори - ДПМНЕ му сервира пцости и насилство. Прес-конференција на пратеникот од Левица, Амар МЕЦИНОВИЌ, во врска со денешната ескалација која ја предизвикаа пратениците од ДПМНЕ, а со цел владините функционери да избегнат одговори на прашањата поставени од Левица на денешната седница за пратенички прашања: Втори пратенички прашања по ред ,ДПМНЕ ја ескалира ситуацијата во Собранието затоа што се опиени со власт и бидејќи се, просто, насилници. Првата седница за пратенички прашања ја ескалираше нивниот вожд, премиерот Христијан Мицкоски, а втората ја ескалираа неговите партиски потрчковци. Потполно малограѓански, насилнички и дерегулирано, во својство на растроени луѓе – пратениците на ДПМНЕ, постојано, вон сите норми на парламентарството, сите норми на нормалното комуницирање и вон сите норми кои се однесуваат на политичката дискусија помеѓу партиите во ова Собрание, се користат со најодвратни механизми за провокација и навредување. Анонимниот пратник Зоранчо Јованчев кој се нема појавено на собраниската говорница, денеска го опцу претседателот на Левица, Димитар Апасиев, спомнувајќи го неговото семејство. А, интересно е за јавноста, бидејќи ни јавноста не го знае овој пратеник, како што и ние колегите не го знаеме – Зоранчо Јованчев има две кривични пријави. Една за дивоградба во Лозово, а другата е за крадење на вода, за приклучок. Значи, се работи за дерегулирани луѓе кои во Собранието гледаат простор, не за политичка дискусија, туку за малограѓански сценарија. Така беше и со пратеникот Александар Велјановски кој заедно во комбинација со првоспоменатиот пратник, пробаа насилнички да извадат сцена со која ќе избегнат одговори на прашањата на Левица. Нашата порака е дека не се плашевме во времето на Мијалков, не им се плашиме ниту сега. Ние сме шесторица, тие се педесет и осум. Нека бидат уште сто и педесет – не се плашиме од бизнисмените на Мицкоски и неговите партиски потрчковци. Затоа што на секој насилнички одговор, ние ќе одговориме пожустро.

Левица

10,912 просмотров • 1 год назад